Саудијките ќе можат да служат војска

Жените во Саудиска Аабија до четврток може да се пријават во војската во покраините Ријад, Мека, ал-Касим и Медине, пренесува во понеделникот BBC, откако кралот Салман ланскиот јуни донесе декрет според кој жените во оваа монархија којашто беше до неодамна позната како земја во којашто се практикува ригидниот облик на вехабитскиот сунитски ислам можат да возат, а од јануари годинава и да ги следат фудбалските натпревари на стадионите.

Саудиските жени нема да можат да служат во борбените единици, но ќе можат да вршат активности во безбедносниот сектор. За да бидат примени како војнички, мора да исполнат 12 услови, вклучително да се саудиски државјанки, да имаат меѓу 25 и 35 години и да поседуваат средношколска диплома.

Жените и нивните машки чувари, вообичаени сопрузите, татковците, браќата или синовите, исто така, мора да имаат постојан престој во онаа покраина во којашто се нуди местото во војската.

Одлуката за регрутирање на жените е една до бројните реформи со коишто се зголемуваат женските права во оваа исклучително конзервативна монархија. Здруженијата за човекови права, меѓутоа предупредуваат дека саудискиот дискриминаторски систем на машко старателство над жените и натаму не е допрено.

Така, Саудијките мора од своите машки старатели да добијат дозвола за патување, за мажење, па дури и за излегување од затвор. Не смеат, исто така, да бидат во друштво на мажи кои не им се роднини, а во јавноста мора да носат абаја, односно црното здолниште коешто го прекрива целото тело.