Саудиска активистка за женски права осудена на затвор

Суд во Саудиска Арабија ја осуди во понеделникот истакнатата активистка Луџајн ал-Хазлул на 5 години и 8 месеци затвор, со образложение дека сакала да спроведува странски програми и да го урива систеот на власта во конзервативната сунитска монархија, која ги практикува ригидниот веханитски облик на исламот, пренесуваат медиумите.

Триесет и едногодишната Луџајн ал-Хазлул беше приведена уште во мај 2018 година, заедно со други активисти за правата на жените. Повеќето од нив учествваат во кампањите за правото на жените да може да управуваат со автомобил во Саудиска Арабија, што беше дозволено еден месец подоцна.

Меѓутоа, беа обвинети за злосторства поврзани со тероризам. Судот сега суспендираше две години и 10 месеци од вкупната казма, од која ал-Хазлул веќе го одлежата во притворот, извести саудсискиот информативен портал Sabq. Притоа се додава дека запирањето на казната ќе биде поништено, доколку во следните три години стори кривично дело, според одлуката на судот.

Судот во Ријад минатата седмица ја отфрли тужбата за мачење којашто ја поднесе ал-Хазлул, наведувајќи како причиниа недостиг од докази. Нејзиното судење беше критикувано од организацијата Human Rights Watch.