Саудиска Арабија кандидат за домаќин на Светското првенство 2034

Саудиска Арабија и официјално се кандидираше за домаќин на Светското првенство во 2034 година откако денеска ФИФА потврди дека земјата е единствен кандидат за Светското Првенство во 2034 година.

Официјалното поднесување на апликацијата се случи на церемонијата организирана од ФИФА во Париз.

„Ја изразувам мојата искрена благодарност до нашето визионерско лидерство кое ни овозможи да ја постигнеме оваа пресвртница во историјата на саудискиот спорт. Исто така, сакам да изразам длабока благодарност до престолонаследникот и премиерот за неговата непоколеблива поддршка за развојот на спортскиот сектор. Кандидатурата на Саудиска Арабија да биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2034 година е понуда за иднината. Ова е направено за нашите деца и за оние кои сонуваат. Кралството има за цел да биде домаќин на најважниот настан во светот на фудбалот, кој ќе го потврди нашето влијание на светската сцена во различни области, вклучително и спортот“, рече принцот и министер за спорт на Саудиска Арабија, Абдул Азиз бин Турки Ал Сауд за време на настанот.