Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија соопшти денеска дека ослободила 200 затвореници од движењето Хути како дел од мировните напори насочени за ставање крај на речиси петгодишната војна во Јемен.
Во соопштението објавено од саудиските државни медиуми се вели дека коалицијата ќе ги олабави ограничувањата над јеменскиот воздушен простор за да дозволат летови од главниот град Сана, кој е под власт на Хутите, за превоз на лица кои имаат потреба од лекување во странство.
Сунитска муслиманска коалиција интервенираше во Јемен во март 2015 година против движењето Хути, поддржано од Иран, кое ја собори од власт меѓународно признатата влада во Сана.