Саудиска Арабија доцна во средата го објави својот став дека убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија во Техеран е „флагрантно кршење“ на иранскиот суверенитет.
Говорот на саудискиот заменик-министер за надворешни работи за време на вонредниот состанок на членовите на Организацијата за исламска соработка (OIC) беше првата изјава на сунитското кралството, голема регионална сила со децении конфронтирана со шиитски Иран, по убиството на палестинскиот лидер во иранската престолнина на 31 јули.
Министерот Валид ал-Хураиџи додаде дека Саудиска Арабија отфрла „секое кршење на суверенитетот на државите или мешање во внатрешните работи на која и да е земја“.
Ваквата изјава на официјален Ријад го искажува стравувањата дека израелските прекугранични ликвидааци на високо позиционирани личности од регионалните муслимански движење се заканува со многу веројатно прелевање на војната меѓу Израел и палестински Хамас во поширокиот регион на Блискиот исток. Исто така, покажува дека саудиската страна се придржува до ланскиот договор за нормализација на односите со иранската, постигнат со посредување на Кина.
Техеран и Ријад поддржуваа спротиставени страни во неколку судири во регионот, во прв ред во Јемен. Иран има големо влијание во Ирак и Либан, а воено и политички го поддржува и сирискиот претседател Башар ал-Асад. Во минатото двете земји жестоко со конфронтираа и поради односот на саудиската власт кон значајната шиитска заедница во земјата.
Иран и Саудиска Арабија, двете најголеми ривалски земји на Блискиот исток, со посредство на Кина во март 2023 година во Пекинг потпишаа договор за обновување на дипломатски врски кои беа прекинати во 2016 година.
Сунитска Саудиска Арабија, каде што кралското семејство постепено ги ублажува политиките на своето вехабитско практикување на исламот, и шиитски Иран ги прекинаа дипломатските врски во 2016-та, по нападот на демонстрантите врз саудиските дипломатски претставништва во Иран, како одмазда откако Ријад го погуби познатиот верски шиитски водач Нимр ал-Нимр.
Обновувањето на дипломатските земји врз двете влијателни земји во исламскиот свет на Блискиот исток дојде во моментот кога Ријад последниот период се оддалечува од тесната соработка со САД и склучувањето на повеќе договори со Кина. Се проценува дека Пекинг со посредништвото во договорите меѓу Иран и Саудиска Арабија го зголемува своето влијание и присуство во блискоисточниот регион.