Саудиска Арабија формира Исламска коалиција за борба против ИД

Се формира Исламска коалиција за борба против тероризмот, јавува „Раша Тудеј“, повикувајќи се на државната телевизија на Саудиска Арабија.

Коалицијата опфаќа 34 држави, меѓу кои Голфските Земји, голем број африкански земји, Турција, Египет, Малезија и Пакистан.

Меѓу земјите вклучени во коалицијата освен Саудиска Арабија се и Јордан, ОАЕ, Пакистан, Бахреин, Бангладеш, Банин, Турција, Чад, Того, Тунис, Џибути, Сенегал, Судан, Сиера Леоне, Сомалиа, Габон, Гвинеја, Палестина, Исламска Федеративна Република Коморос, Катар, Брегот на Слоновата Коска, Кувајт, Либан, Либија, Малдиви, Мали, Малезија, Египет, Мароко, Мавританија, Нигер, Нигерија, Јемен.

-Земјите што се споменати одлучија да се формира воен сојуз предводен од Саудиска Арабија за борба против тероризмот, со здружени операции што ќе бидат со центар во Ријад, од каде ќе се координираат и ќе се поддржуваат воените операции, информира телевизијата.

Понатаму се вели дека коалицијата „има обврска да ги штити исламските нации од злото и терористичките групи и организации чијашто секта и име сеат страв и корупција на Земјата и ги тероризираат невините“.