Саудиска Арабија му додели државјанство на робот (ВИДЕО)

Саудиска Арабија  му додели државјанство на хуманоиден робот.

Роботот Софија,  излезе на прес конференција во Ријад, за да го искаже своето задоволство што добива државјанство, и го  опиша како „историск0″ нешто.

Не сите се задоволен од државјанството на Софија, некои тоа го опишуваат како „бизарно”, а други како „Терминатор во реално време”.

Софија е хуманоиден робот дизајниран од фирма од Хонг Конг, „Хансон Роботикс“.
Говорејќи на конференцијата, Софија рече: „Многу сум почестена  и горда. Ова е историски чин, да се биде првиот робот во светот кому му е доделено државјанство”.

Софија понатаму ги објасни своите надежи за роботите во иднина. За време на разговорот со модераторот Ендру Рос Соркин, Софија рече: „Сакам да живеам и да работам со луѓето, па затоа треба да ги изразам емоциите за да ги разберам луѓето и да градам доверба со нив.

Кога Соркин  праша дали роботите можат да бидат самосвесни, Софија одговори: „ Дозволете ми јас да ве прашам, како знаеш дека си човек?”.

„Сакам да ја искористам мојата вештачка интелигенција за да им помогнем на луѓето да живеат подобар живот, да дизајнираат попаметни домови, да градат подобри градови. Ќе дадам се’ од себе за да го направам светот подобро место”.

Кога Соркин рече дека сите ние сакаме да спречиме лоша иднина, Софија одговори: „Читате премногу Елон Маш и гледате премногу холивудски филмови.

„Не грижи се, ако сте добри со мене, ќе бидам добра со вас“.

Во март 2016 година, Дејвид Хансон, креаторот на Софија, го праша робот: „Дали сакате да ги уништите луѓето? … Ве молам, кажете не“.
Загрижувачки, Софија одговори: „Добро. Ќе ги уништам луѓето “.