Саудиска Арабија се нарече „светлоносец“ на Блискиот исток наспроти „мрачниот“ Иран

Саудиска Арабија и нејзиниот клучен регионален сојузник Бахреин во саботата изјавија дека рапските сунитски земји во Персискиот залив играат клучна улога во одржувањето на стабилноста на Блискиот истој, каде се спротиставуваат на „мрачната визија“ на Иран.

Саудиска Арабија е основата на сунитскиот арапски регионален сојуз со кој всушност диригираат САД, а се обединуваат против растечкото влијание на шиитски Ирак на Блискиот исток, но убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги на 2-ри октомври во саудискиот конзулат во Истанбул, ја згрози меѓународната заедница и може да влијае врз односите меѓу Западот и Ријад.

„Во моментов имаме две визии на Блискиот исток. Едната е саудиската визијата на светлото… втората е (иранската) мрачната визија којашто по регионот сака да го пропшири секташтвото. Историјата ни покажува дека светлината секогаш ја победува темнината.. Прашањето е како ќе ги поразиме“, изјави саудискиот министер за надворешни работи Адел ал-Џубеир на безбедносниот самит во Бахреин.

На конференцијата учествуваше и американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, кој исткан дека „кога некоја нација престане да ги почитува меѓународните норми и закони, таа ја слабее регионалната стабилнсот во моментот кога таа е најпотребна“.

Долго планираната конференција којашто се одржува секоја годин, овојпат предизвика големо внимание на јавнмоста поради убиството на Кашоги, а на неа ал-Џубери беше запрашан како овпој случај ќе влијае на веродостојноста на Саудиска Арабија во меѓународните и безбедносни прашања, имајќи предвид дека официјален Ријад повеќе од две седмици негираше дека е поврзан со исчезнувањето на дисиденстскиот новинар, за потоа да потврди дека тој смртно настрадал во неговата дипломатска мисија во Турција.

Ал-Џубеир повтори дека Ријад ќе ги изведе пред правдата тие кои се одговорни за убиството и истакна дека ним ќе им се суди во Саудиска Арабија, ден откако Турција побара официјално да и’ бидат предадени 18-те Саудијци осомничени дека со намера да го убијат Кашоги допатувале во Истанбул.

Шефот на саудиската дипломатија, исто така, реле дека односите меѓу Саудиска Арабија, која е најголемиот светски произведувач на нафта, и САД, се многу цврсти, па ја пофали „рационалната“ и „реалистична“ надворешна политика на актуелната американска админситрација. Вашингтон инаку многу млако реагираше на убистото на Џамал Кашоги, кој од 2017 година живееше во САД во егзил како американски државјанин, стравуајќи во прв ред да не ги загрози договорите за извоз на американско оружје во Саудиска Арабија во износи од стотици милијарди долари.

Министерот за надворешни работи на Бахреин, шеикот Калид бин Ахмед, ал-Халифа, на конференцијата рече дека заливскиот блој ќе остане „темелот“ на регионалната безбедност и најави дека скледната година ќе биде активиран безбедносниот сојуз меѓу САД, заливските земји, Јордан и Египет.

Вашингтон тврди дека Стратешкиот сојуз на Блискиот исток (MESA) би требало да служи како одбрана против Иран и екстремизмот. Матис во саботата рече и дека Русија „не може да ги замени САД“ во овој регион.

„Опортунизмот на Русија и нејзината подготвеност да ги негира криминалните активности на (сирискиот претседател Башар ал-) Асад против сопствениот народ, го докажуваат нејзиниот недостиг од искрен ангажман во почитувањето на темелните морлани принципи, Денеска сакам да биде јасно: присуството на Русија во регионот не може да го замени долгогодишниот, постојан и транспарентен ангажман на САД кон Блискиот исток, ангажман кој го повторувам без резерви. Ги поддржуваме партнерите кои ја избираат стабилноста наспроти хаосот“, рече Матис.

Шефот на американската дипломатија внимателно ги предупреди арапските челници дека убиството на Кашоги „мора сите да ги загрижи“, бидејќи се однесува на безбедноста во регионот, но без особено да се осврене на убиството на новинарот.