Цените на нафтата паднаа под 87 долари во средата, бидејќи загриженоста за испораките на Блискиот исток се намали откако Саудиска Арабија сигнализираше дека ќе помогне да се стабилизира пазарот.
На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше пониска за 78 центи отколку на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 86,87 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена за 84 центи, од 85,13 долари.
Одделно, Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) објави дека барел од нафтената кошница на нејзините членки во вторникот се поскапел за 79 центи на 90,78 долари за барел.
Во понеделникот цените нагло скокнаа поради стравувањата дека конфликтот меѓу Израел и палестинската вооружена група Хамас може да ескалира и да се прошири во другите земји на Блискиот исток.
Во вторникот трендот на раст беше запрен од Саудиска Арабија објавувајќи дека работи со регионални и меѓународни партнери за да спречи ескалација. Ријад, исто така, повтори дека ги поддржува напорите за стабилизирање на нафтените пазари.
Во неделата Саудиска Арабија, Бахреин, Ирак, Кувајт, Оман и Обединетите Арапски Емирати истакнаа дека се подготвени „доброволно да го прилагодат производството на нафта, индивидуално и колективно“ и да преземат дополнителни мерки, во секое време, за поддршка на стабилноста на пазарот.
Водечките производители моментално ја намалуваат понудата за да одговараат на побарувачката и да ги поддржат цените.
„Цените паднаа вчера и во Лондон и на американскиот пазар бидејќи засега е отстранета заканата од ненадеен и неочекуван прекин на снабдувањето“, изјави Тамас Варга од PVM.
Ескалацијата на конфликтот на Блискиот исток ќе ја зголеми цената на нафтата до 100 долари, според Магид Шенуда од трговската куќа „Mercurie“.
Претставници на Русија и Саудиска Арабија се состанаа во Москва во средата, а рускиот претседател Владимир Путин најави континуирана координација со OPEC и невните сојузници за ситуацијата на нафтените пазари да биде „предвидлива“. Во исто време, Путин ги повика домашните производители да дадат приоритет на снабдувањето на рускиот пазар. Минатата седмица Москва ја укина забраната за извоз на дизелот преку цевководи преку поморските пристаништа. Останува на сила забраната за извоз на бензините.
Инвеститорите внимателно ќе ги проучуваат и записниците од септемвриската сесија на американската централна банка Federal Reserve (Fed) во потрага по индиции за движењето на каматните стапки во наредните месеци. Fed треба да го објави документот подоцна во текот на денот.
Американскaта министерка за финансии Џенет Јелен изјави во средата дека сè уште очекува само постепено забавување на економијата, и покрај стравувањата поттикнати од ситуацијата во Израел.