Саудискиот фонд за стабилизација најави дека ќе ги здружи силите со кинескиот производител на чипови „Foxconn“ на производство на електрични автомобили во Саудиска Арабија за да се намали зависноста од нафтата.
„Ceer е првата саудиска автомобилска марка којашто ќе произведе електрични возила во Саудиска Арабија, а ќе го проектираат, произведуваат и на потрошувачите во Саудиска Арабија и во регионот на Блискиот исток и северна Африка ќе продава низа возила, вклучително и лимузини и спортски теренци“, се наведува во соопштението.
Автомобилите ќе бидат достапни од 2025 година, истакнува саудискиот фонд, додавајќи дека „Ceer“ ќе привлече повеќе од 150 милиони долари директни странски вложувања и, директно или индиректно, ќе создаде до 30.000 работни места.
До 2034 година придонесот на компанијата во саудискиот бруто домашен производ (БДП) ќе достигне осум милијарди американски долари, се истакнува во соопштението.
Новата компанија, основана во соработка со кинески „Foxconn“ ќе ја „набави лиценцата од (германски) BMW за технологијата на компонентите кои ќе се користат во процесот на развој на возилата“., појаснуваат од саудискиот фонд.
Додаваат и дека „Foxonn“ ќе ја развива електричната архитектура на возилата, а резултатот ќе биде портфељот на производство кој ќе биде водечки на областите на инфотаинментот (комбинација од информација и забава), поврзливоста и технологиите на автномно возење.
„Ќе ги впрегнеме технолошката стручност на Foxconn за да ја поддржиме визијата на Ceer са создавање низа култни електрични визии кои ќе бидат вдахновени од темите за поврзување, инфотаинментот и автономното возење. Сакаме електричните возила да станат мејнстрим, а токму тоа Ceer ќе го постигне во Саудиска Арабија и во поширокиот регион“, ја цитира фондот изјавата на директорот на кинеската компанија Јунг Лиу.
Фондот не открива поединости за финансирање, ниту објави колку ќе чини фабриката на „Cerr“, ниту каде точно треба да биде изградена.
Во март деловниот весник The Wall Street Journal објави дека Саудиска Арабија и „Foxonn“ преговараат за заедничко градење погон во износ од девет милијарди долари, кој би можел да произведува микрочипови, компоненти за електрични возила и друга електроника. За локација е избран Неом, футуристички град вреден 500 милијарди долари кој во моментов се гради во саудиската пустина, пишуваше тогаш весникот.
Саудиска Арабија минатата 2021 година најави инвестициска стратегија, порачувајќи дека планира да привлече повеќе од 100 милијарди долари директни странски инвестиции, но сѐ уште е далеку од таа цел. Во првата половина од годинава привлекле само четири милијарди долари.
Престолонаследниот принц Мохамед бин Салман, кој е саудиски премиер, го одбра токму фондот со кој претседава за покренување на диверзификација на стопанството, во моментов базирано во прв ред на нафтата.
Фондот е сопственик на 60 отсто од уделот во корпорацијата „Lucid Group“ која во моментов гради фабрика за склопување електрични возила во Џеда, со планиран краен производствен капацитет од 150.000 возила годишно. Саудиската влада со компанијата потпиша договор за купување до 100.000 нејзини автомобили во следните десет години.
Монархијата го промовира и рударството и властите во мај објавија дека ќе изградат рудник кој би требало да даде метали за батерии за електричните возила.