Министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фајсал бин Фархан ал-Сауд, во саботата рече дека за какви и да се веродостојни мировни преговори за војната во Украина ќе биде потребно руско учество и ќе вклучува „тежок компромис“.
Говорејќи на конференцијата во Швајцарија со цел да се отвори патот за мировниот процес, министерот ал-Сауд рече дека Саудиска Арабија е посветена да помогне да се стави крај на конфликтот.
„Сметаме дека е важно меѓународната заедница да го охрабри секое придвижувае кон сериозни преговори кои ќе бараат тежок компромис како дел од патот кон мирот“, рече принцот без да прецизира дали мисли на предлогот од ден претходно на рускиот претседател Владимир Путин кој бара Украина да се откаже од четирите украински региони кои ги контролира Русија и откажување од амбициите на Киев за членство во НАТО со прогласување воена неутралност.
Саудиска Арабија се смета за еден од водечките кандидати за земја домаќин на конференцијата, која треба да се одржи како продолжение на собирот на десетици светски лидери викендов во Швајцарија.
За неопходноста од руско учество на средбите на ваквите мировни иницијативи за Украина зборува и мексиканската министерка за надворешни работи Алисија Барсена во разговорот со швајцарската претседателка Виола Амхрд која беше домаќинка конференцијта во Бургеншток на кој се собраа вкупно 92 државници и претставници на меѓународни и невладини организации.
Барсена ја истакан важност од вклучување на Русија во мировните преговори засновани на Повелбата на Обединетите нации, се наведува во соопшението на мексиканското Министерство за надворешни работи.
„Мексико го пподдршува дијалогот со почитување на сите страни во името на градењето мир и безбедност во целиот свет“, се додава во објавата на министерството на платформата X.