Во Загреб ненајавено пристигнал еден од најбогатите луѓе во светот саудискиот принц и бизнисмен Ал Валед бин Талал бин Абдулазиз ал Сауд, чиешто богатство се проценува на 28 милијарди долари, пишува Вечерњи лист.Внукот на основачот на Саудиска Арабија и роднина на кралот Абдулах, долета со приватен авион со 50 луѓе.
Како што пишуваат хрватските медиуми, принцот во Хрватска ќе се задржи неколку дена, а претставниците на хрватските институции истакнале дека не веруваат дека станува збор за професионална посета, иако постојат одредени претпоставки дека сака да се запознае со можностите за инвестиции.
Принцот престојувал во претседателскиот апартман на хотел Еспланда, а слободното време го користи за возење на велосипед низ градот.
Тој е на чело на компаниите Kingdom Holding со сопстевнички удел во најголемите светски компании како Амазаон, Аол/Тајм ворнер, Епл, Ситигруп, Кока Кола, Компак, е-бај, Форд,Мекдоналдс, Моторола, Проктер и Гембел,Волт Дизни, Твитер.