
Саудиски принц загина во неделата во пад на хеликопер на југот од Саудиска Арабија, во близина на границата со Јемен кој е зафатен со граѓанска војна, објави државната телевизија al-Ekhbariya.
Според телевизијата Al Jazeera во авионот имало девет високи саудиски челници, и сите загинале во несреќата. Меѓу жртвите се заменикот емир на округот принцот Мансур бен Мокрен бен Абдел Азиз Ал Сауд, поранешен советник во кралската палата, и началникот на полицијата на градот Асир, во истоимената покраина.
Државната телевизија го потврди загинувањето на членот на кралското семејство и уште осум високо позиционирани челници, но засега не се идентификувани. Тие патувале во инспекциски надзор.