Саудискиот престолонаследен принц Мухамед бин Салама е вистинскиот сопственик на ремекделото на италијанскиот мајстор Леонардо да Винчи „Салватор Мунди“, која неодамна на наддавање беше продадено за рекордни 450, 3 милиони американски долари.
Во четвртокот весниците The Wall Street Journal и The New York Times одвоени објавија дека 32-годишниот саудиски принц е вистинскиот купувал на сликата за којашто наддавал преку друг, помалку познат член на кралското семејство.
Маслото на платно на Леонардо да Винчи насликано околу 1500 година беше најдалеку највредниот експонат на традиционалното есенско наддавање на аукциската куќа Christie’s во Њујорк минатиот месец.
Сликата „Спасителот на светот“ е откриена на една регионална аукција во САД во 200 година, каде првично се мислеше дека станува збор за копија.
„Salvator Mundi“ е единствената позната слика на Леонардо да Винчи којашто е во приватна уметничка збирка. Сите други се сопственост на светските музеи.