Саудискиот принц ја признал одговорноста за убиството на новинарот Кашоги

EPA/YURI KOCHETKOV

Саудискиот престолонаследник принцот Мохамед бин Салман ал-Сауд ја призна својата одговорност за масакрирањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги во генералниот конзулат на неговата земја во Истанбул, се наведува во најавата на документарниот филм од циклусот Frontline, објавена на сајтот на американскиот јавен радиодифузен сервис PBS (Public Broadcasting Service).

Станува збор за документарен материјал кој го снимил новинарот Мартин Смит, а ќе се емитува на 1-ви октомври.

„Тоа се случи кога јас бев на служба (во варијантата на PBS буквално стои ‘во мојата смена’). Ја презема врз себе целата одговорност“, рекол принцот кој ја има втората најважна позиција во земјата по монархот. Тој, сепак, инстистира на тоа дека не бил свесен за тоа што се случувало со Џамал Кашогри. Принцот Мохамед бин Салман, објави дека во кралството има „20 милиони поданици и 3 милиони државни службеници“, кои имаат свои агенди и задачи и оти е невозможно да се знае што прави секој од нив.

Престолонаследникот го коментирал прашањето за тоа дека членовите на „екипата убијци“ на новинарот патувале мешу Ријад и Истанбул со приватни бизнис-авиони од кралската флотила. Според него, „службениците, министрите имаат задачи, област на одговорност, и тие имаат право да го прават тоа (да ги користат авионите на кралското семејство)“.

Кашоги, познат како критичар на политиките на официјален Ријад поради што од 2017 година живееше во егзил во САД, исчезна по влегувањето во генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул на 2-ри октомври 2018 година. Дури на 20-ти октомври властите во Ријад ги потврдија обвинувањата од Труција дека новинарот бил убиен во зградата на дипломатската мисија, но тогаш тврдеа дека настрадал во фатален инцидент со службеник на конзулатот.

Подоцна откако се појавија сознанија дека Кашоги бил убиен и измачуван, а неговото тело масакрирано за тајдно да биде изнесено од конзулатот, Саудиска Арабија започна со судски сослушувања на 11 обвинети од разунавачките служби за убиството на новинарот, од кои на петмина им се заканува смртна казна.