Во средбата од 24-то коло од англиското фудбалско првенство Саутемптон и Тотенхем го поделија бодовите со 1:1.
Двата гола паднаа во првите 18 минути од средбата. Домашните поведоа во 15 минута со автоголот на Дависон Санчез кој топката ја сврти кон сопствениот гол по нафрлувањето од Седрик Соарез. Изедначи Хари Кејн три минути подоцна. За водечкиот стрелец во англиското првенство ова беше 21 гол сезонава.
На табелата води Манчестер Сити со 65 бодови, Манчестер Јунајтед следи со 53 бодови, Челзи има 50 а Ливерпул кој во понеделник гостува кај Свонси Сити е четврти со 47 бодови.
Тотенхем остана на петтото место со 45 бодови, а Саутемптон е во зоната на испаѓање од лигата, на 18-то место со 22 бодови.