Голем број граѓани и денеска се собраа на народниот собир во Битола од каде на политичарите им порачаа дека треба да си стојат на зборот и да се одржат изборите закажани на 5-ти јуни.
ГДОМ порача дека нивните собири се за доброто на Македонија и дека тие се тука да ја одбранат земјата од оние кои немаат добри намери.
-Две Македонии. Едната која бојадисува, бербати, го сквернави македонскиот идентитет, ја уништува македонската гордост, спомениците од Скопје 2014-та, посегнаа по споменикот на Филип Втори Македонски, по судот, по општината. Другата Македонија која сака да гради автопати, болници, сака да гради градинки, училишта, сака да ги зголеми и ги зголемува пензиите, платите. Да им порачаме дека секоја вечер ќе си се собираме овде, како што не личи бидејќи другите милуваат да кажат дека не ги личело да бидат патриоти, рече Сашко Савески од ГДОМ.