![zs](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/06/zs.jpg?resize=610%2C333&ssl=1)
Расте незадоволството од изборот на новите владини фукнционери на претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Здравко Савески, член на Левица и активист во т.н. „Шарена револуција“ за новиот генерален секретар, Драги Рашковски вели дека стоел настрана и се чешлал додека селото гореше, а сега добил висока функција.
„Рашковски. Уште еден човек кој, ако не бил во спротивниот табор, си стоел настрана и се чешлал додека селото гореше. И кој доби висока функција. Ајде, се редат ваквите. Анѓушев – вицепремиер, Лиле – пратеничка, кај и да е ќе обзнанат дека и Павле ќе добие некоја директорска фотелја. И што се чудите, не разбирам? Немаше претходно многумина од СДСМ што, кога дојде ВМРО на власт, си останаа со власта? На чело со вицепремиерот за економски прашања – Минчо Јорданов. Со вакви клиентелистички партии суштински промени тешко“, напиша Савевски на Facebook.