Савовски и словенечкиот колега во посета на словенечкиот контингент во Гевгелија

Директорот на Бирото за Јавна Безбедност Горанче Савовски и Директорот на  Словенечката полиција Марјан Фанк го посетија словенечкиот конингент на полициски службеници во прифатниот Центар Винојуг во Гевгелија.

Освен словенечки полицајци во моментот на границата има и 31 полицаец од Унгарија. Директорите се информираа за соработката помеу македонските и словенечките колеги,  тековната состојба на границата и протокот на мигранти.

Помеѓу Директорите се расправаше и за унапредување на соработката во сите сфери на полициското работење како и за одржување на средба помеѓу сите полициски директори на рутата на движење на мигрантите со цел поефективно и поефикасно справување со мигрантската криза.