Директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски се сретна со Директорот на Полиција на ЕУЛЕКС од Косово Оливер Хофман.
На состанокот, како што информираат од МВР, се разговарало за размена на информации за организирани криминални групи кои функционираат од двете страни на границата, подобрување на соработката помеѓу двете полициски служби во сите сфери од заеднички интерес и понатамошно продлабочување на веќе постоечката соработка.
На состанокот беше договорено да се одржи повторна средба помеѓу двата полициски директори и надлежни полициски единици во најскоро време со цел координирање на полициските активности помеѓу двете полициски служби околу актуелни криминални истраги, раздгледување на можноста за заеднички истражни тимови и се нагласи особено добрата соработка во заштитата на сведоци, се вели во соопштението.