Саздов: Граѓаните од дијаспората, на 24 април по четврти пат ќе имаат можност да покажат што мислат за СДСМ

На почетокот од своето излагање, Саздов најпрво го поздрави договорот кои четирите политички партии го постигнаа за Изброниот законик и изрази благодарност за заложбите на ВМРО-ДПМНЕ гласањето во дијаспората да остане и за наредните избори односно граѓаните од дијаспората да го задржат правото да избираат и да бидат избрани.

Гласањето на дијаспората се случи прв пат во 2011 година, повторно благодарение на ВМРО-ДПМНЕ и нашите заложби дијаспората да има свои директни претставници во нашиот парламент. За жал, по три успешни спроведени изборни циклуси во дијаспората, два парламентарни и еден за претседател на Македонија, опозицијата го доведе ова право на гласање на дијаспората под знак прашање, партија која на сите овие изборни циклуси изгуби со огромна разлика, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Павле Саздов.

Пратеникот Саздов се осврна и на изјавата дадена од страна на Зоран Заев дека нема да му дозволи стартна предност на Никола Груевски на следните избори, алудирајќи на пратениците од дијаспората.

Наместо СДСМ да признае дека пролемот е кај нив, да седнат, да размислат и да напишат програма за дијаспората, мерки и проекти со кои тие ќе го привлечат гласот на иселениците, тие бараат да им се суспендира односно одземе правото на глас, па со секакви изговори се трудеа да креираат слика дека нивното барање за укинување на овие мандати и правото на глас кај дијаспората не е затоа што тие постојано губат на избори, туку дека бараат изедначување на гласот во дијаспората со гласот на бирачите во Македонија, посочи Саздов.

Дополнително, Саздов…