Саздов: На Заев му фуфка да дојде пред анкетната

Пратеникот Павле Саздов од ВМРО-ДПМНЕ како смешни ги наведе констатациите на координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески дека немало потреба од анкетна комисија бидејќи ниту една анкетна комисија не ја постигнала целта поради која била формирана, потсетувајќи го дека анкетната за прислушувањето не функционира поради кочењето од страна на СДСМ.

Не му беше овозможено на сведок на закажана седница да одговори на прашања, затоа што на Зоран Заев му фуфка да дојде пред анкетната комисија. Нека одбере Заев кога сака термин, во три наутро, во пет, во седум, нека дојде пред анкетната да даде одговори дали е Заев на снимка која се појави во јавноста каде вика дека треба да се даде едно евро за Вицето, едно за во црквата, рече од говорницата Саздов.


„Груевски дојде да сведочи. Ставрески дојде, но Шилегов не му дозволи да сведочи. Ако сметавте дека нема потреба од анкетна не требаше да ја барате. Ама очигледно немате став или тој се менува зависно од дневните потреби.“, додаде Саздов.

Стевананџија: Мисовски го оневозможи функционирањето на претходната анкетна комисија во која е потпретседател

Стевананџија го обвини Горан Мисовски од НСДП дека го оневозможил функционирањето на претходната анкетна комисија во која е потпретседател, не држејќи се до деловникот кој сам го составил.

Тој потсети и дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и независните пратеници како и секогаш досега поддржаа иницјатива за формирање анкетна комисија и дека не е логично СДСМ да не сака да се дознае вистина, односно СДСМ да е борец против вистината.