СБ на ОН в четврток на прва седница за можното влијание на пандемијата врз меѓународната безбедност

Советот за безбедност на ОН в четврток ќе одржи состанок за новиот коронавирус,за новиот коронавирус, првиот на кој ќе се разговара за можното влијание на пандемијата врз меѓународната безбедност.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе брифира 15 члена на виртуелниот состанок зад  затворени врати, соопшти мисијата на  Доминиканската Република, која моментно е претседавач со СБ.

Германија и осум други членови на Советот побараа тој состанок да се одржи, јави ДПА.

Извори за ДПА изјавиле дека постојаните членки на Советот – САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција – веќе неколку недели планираат состанок на шефовите на држави и влади и дека свикувањето на состанок на Советот за безбедност на ОН може да биде одложено поради тоа.

Советот беше критикуван за неуспехот за заеднички став за влијанието на пандемијата на коронавируспт врз меѓународната безбедност.