Светска банка (СБ) вчера објави дека ќе издвои 200 милиони долари итна помош за Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја за борба против епидемијата на ебола.
Средствата ќе бидат наменти за унапредување на здравствениот систем на државите, како и за справување со економските последици од кризата, се наведува во соопштението на Светска банка.
Светската здравствена организација (СЗО) објави дека бројот на загинати од епидемијата на Ебола достигна 887 лица. Според податоците на СЗО досега од ебола починале 358 лица во Гвинеја, 255 во Либерија и 273 во Сиера Леоне, како и едно лице во Нигерија. Болеста за првпат се појавува во 1976 година во ДР Конго.