Сценаријата за двете епизоди од „Пријатели“ најдени во отпад продадени на наддавање

Двете сценарија за американската телевизиска серија „Пријатели“, снимани во Велика Британија, пронајдени во ѓубре пред 25 години, се продадени на наддавање а 22.000 фунти, односно 25.500 евра.

Првичната процена за сценаријата за две епизоди „од венчавката на Рос“ изнесуваше меѓу 600 и 800 фунти, но по објавувањето на аукцијата дојде до голем интерес во светот.

Дадени се вкупно 219 понуди од сите делови на светот, вклучително и од САД, Украина, Германија, Шпанија, Австралија, Дубаи и Швајцирија, а крајниот купувач е меѓународен понудувач кој учествува на аукцијата преку интеренет.

Претставниците на аукциската куќа Hanson Ross во Хартфодшир соопштија дека биле „вџашени од феноменалниот глобален интересен“ за сценаријата, кои требало да бидат уништени веднаш по снимањето на епизодите во 1998 година.

Како што беше соопштено, скриптите за епизодите од четвртата сезона на познатиот американски ситком ги пронашла во 1998 година вработена во студиото „Fountain Studios“ во Вембли, каде што е снимемо финалето на сезоната во две епизоди наречени „The One With Ross’s Wedding, фрлени во корпа за отпадоци и 20 години и ги чувала во своето шкафче крај креветот.

„Работев во административната поддршка на Fountain Studios. Никогаш не видов ниеден од актерите од ‘Пријатели’, но паметам дека беше многу работно“, рекла 60-годишната жена која живее во Лондон.

Нацртите на епизодите од четвртата сезона на познатиот американски ситком, како што наведоа од аукциската куќа, очигледно на актерската постава и на екипата им било наложено да ги уништат (личните копии од скриптите) за да не протече крајот, но овие две некако останале.

„Ги пронајдов во корпа за отпадоци неколку седмици откако беше завршено снимањето. Тоа беше дел од мојата работа, да се погрижам сѐ да биде уредно и да не останат отпадоци. Не бев сигурна што да сторам со нив, па ги ставив во фиоката во своето биро. Се сеќавам дека се прашував кому од актерите му припаѓаат“, додала.

Вели и дека си заминала од „Fountain Studios“ во 1999 година и сте работи од својата работна маса, вклучително и сценаријата, ги ставила во голема картонска кутија.

„Го пронајдов дури неколку месеци подоцна. кога ја прегледував кутијата. Завршија во ноќното ормарче крај мојот кревет и оттогаш беа таму“, додава.