Сценариoто за насилство и меѓуетнички тензии на ДУИ и СДС е откриено и поразено

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ:

Сценариoто за насилство и меѓуетнички тензии на ДУИ и СДС е откриено, разбиено и поразено.

Целта на СДС и ДУИ е да ги заштитат личните интереси, а обидите за раздор се само инструмент за да си ги остварат политичките цели, наместо да бидат конструктивна опозиција и да работат за благосостојбата на граѓаните.

СДС и ДУИ се обидуваат да создадат амбиент на нестабилност се со цел нивните криминални афери да не се обелоденат.

Потезите на СДС и ДУИ вклучуваат манипулирање со симболиката на македонското знаме, СДС и ДУИ со очајнички се обидуваат да дефокусираат од нивните контроверзни дејства во страв и агонија од соочување со правдата.

Сите обиди на СДС и ДУИ за креирање раздор нема да бидат толерирани а сите оние кои се обидуваат да ја загрозат стабилноста на македонското општество ќе се соочат со соодветни правни реперкусии и соодветен одговор на институциите.

ВМРО-ДПМНЕ апелира до граѓаните да не подлегнуваат на ваквите црни сценарија и маневри на СДС и ДУИ кои имаат за цел дефокус и креирање вештачки кризи.

Народот ги препознава јасно политичките мотиви на СДС и ДУИ, а секој обид за дестабилизација ќе биде спречен и институциите соодветно ќе одговорат.