СДС, ДУИ и Левица како попчиња го гласаа неразвојниот буџет на Данела Арсовска

По којзнае кој пат, вчера на седница на  советот Град Скопје, излезе на виделина коалицијата помеѓу СДС, ДУИ, Левица и Данела Арсовска. Сите заедно, без око да им трепне, го изгласаа досега најлошиот буџет, во историјата на градот, во кој се укинуваат капиталните инвестиции, се намалуваат субвенциите, со цел да има повеќе пари за криминалците, во кругот на Арсовска, соопштува ВМРО ДПМНЕ.

„Добро е што граѓаните знаат, дека ова е коалиција на неспособни партии и луѓе, кои делат исти вредности, како криминал, корупција и арогантност.

Очигледно сите заедно на куп, си обезбедија мед за цела година, а најмногу мед, секако ќе изеде, главната медарка, Данела Арсовска“, се вели во информацијата до јавноста на партијата.