Во вечерашната емисија „Само Вистина“ на Канал 5 Телевизија гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски каде што истакна дека Венко Филипче нема авторитет ниту кај своите сопартијци и поради тоа одбира да критикува се што е добро.
„Според мене мислам дека Венко Филипче како нов претседател на СДС се обидува да се докаже не толку пред целокупната јавност туку се обидува да се докаже пред јавноста која е поблиску до СДСМ. Mислам дека го нема авторитетот на неговите претходници, мислам на Зоран Заев, Црвенковски, Радмила Шеќеринска и други претседатели кои биле на чело на СДС и обидувајќи се да го изгради тој авторитет одбира да критикува се“, кажа Милошоски.
Тој ја посочи лошата состојба која што наследи новата влада во однос на институциите и празниот буџет.
„Поминаа 100 медени дена но јас не би рекол така, за прв пат Македонија од кога е независна држава немавме 100 дена на владата да и се даде можност да се адаптира на новите услови, а новите услови не беа ни малку лесни затоа што буџетот беше во многу лоша состојба, довербата во институциите на катастрофално ниско ниво и затоа сметам дека настапот на Венко Филипче да критикува се не соодветствува со реалноста со работата на Владата, вели Милошоски.
Милошоски во однос на кредитот од Унгарија истакна дека досега немало потранспарентна најава, дека е најавен точно уште во предизборието, со многу ниска поволна камата ,со средства кои се прилично добри и за ликвидноста на македонското стопанство но и за општините бидејќи голем дел од средствата би биле наменети за сите општини за нивните инфраструктурни проекти.
Се осврна и на евроинтеграциите каде што потенцираше дека претходната власт на ДУИ и СДС направила огромни грешки особено со потпишувањето на договорот во 2022 година кога власта на СДС и ДУИ им подари инструмент на Бугарија за легално блокирање на ЕУ интеграциите.
„Сметам дека владата на СДС и ДУИ направија голема грешка, суштинска грешка кога прифатија билатеризација а евроинтеграциите. Со потпишувањето на вториот протокол кој Бујар Османи и неговата колешка во Софија го потпишаа во 2022 година сметам дека се направи голема грешка. Тогаш на Бугарија владата на СДС и ДУИ и подари инструмент за легално блокирање на ЕУ интеграциите. Кој што гледаме дека сега резултираше со поволна одлука за Албанија и неповолна одлука за Македонија“ потенцира Милошоски.