СДС или ќе направи ревизија на својата политика, или ќе продолжи да тоне во сопствената криминална кал

СДС и Филипче продолжуваат да го играат спектаклот на дистанцирање од ДУИ, и сѐ уште не се извиниле на народот бидејќи дозволија Груби да краде, а народот да осиромаши, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Потценувачки и смешен е обидот на СДС и Филипче како и сите нивни маневри за дистанцирање од ДУИ и Груби. Народот не може да биде повеќе манипулиран со евтини обиди на СДС за дистанцирање од ДУИ и токму поради тоа рејтингот секојдневно им се топи и е во слободен пад. СДС беше на власт благодарение на својата сервилност кон ДУИ, СДС беше на власт поради тоа што се однесуваа како слуги на ДУИ“.

Како што велат од партијата на власт, обидот на СДС да се одржи по секој цена на власт беше основата за коалицијата со ДУИ што доведе до распространување на криминалот и осиромашување на народот.

„Обидот на Филипче да се дистанцира од ДУИ не само што е апсурден туку е и лицемерен затоа што тој е помеѓу оние кои му овозможија на бегалецот Груби и ДУИ криминалот да го претворат во системска пракса. СДС и Филипче треба да се извинат на граѓаните што ги злоупотребуваа народните пари, што знаеја и дозволија Груби да прави криминал а неправдата и беззаконието да царуваат“, додаваат од партијата.

„СДС или ќе направи искрена ревизија на својата политика и целосно ќе се оттргнат од ДУИ или ќе продолжат да тонат во сопствената криминална кал“.