СДС на чело на АНБ постави член на ИО, Виктор Димовски, а АР ја партизираше со Муслиу, заврши времето на партизација на службите

-СДС нема кредибилитет да зборува за безбедносните служби. СДС ги партизираше АНБ и АР додека беа на власт. На чело на АНБ го поставија партискиот кадар Виктор Димовски, кој беше партиски функционер на СДС, изјави на денешната прес – конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека, Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, највисоко тело во опозициската партија, и член на нивните комисии. Во АР СДС го има поставено Еролд Муслиу, кој во ек на најголема власт на СДС ги следеше функционерите на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи ја службата. Муслиу правеше хајки против ВМРО-ДПМНЕ, а од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС.

-Да потсетиме само дека СДС за директор на УБК своевремено го имаше и Миле Зечевиќ, партиски функционер, кој потоа стана и генерален секретар. За разлика од кадрите на СДС како Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Миле Зечевиќ, ВМРО-ДПМНЕ на чело на службите поставува професионалци, потенцира Петрушевски.

-Изборот на Бојан Христовски на чело на АНБ е професионале