СДС и ДУИ додека ветуваа златни времиња, ја донесоа европската перспектива во ќорсокак, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Додека Зоран Заев тврдеше дека носи историски докази од Брисел или старт на преговори, единствен факт од патувањето во Брисел беше селфито во авионот. Или го излажа народот.
Тоа беше ситуација со која се покажа неспособноста на коалицијата СДС и ДУИ. СДС и ДУИ ниту имаа осет за државни интересни, уште помалку државнички став. СДС и ДУИ немаа црвени линии кога стануваше збор за стратегијата како да се поплочи патот кон ЕУ.
СДС и ДУИ патот кон ЕУ го претворија во свој личен бизнис-план за сопствено богатење од кој дебел профит имаа членовите на нивните фамилии. Концептот европска иднина се распадна како кула од карти под налетот на контото на банкарските сметки на поранешните владини функционери.
Јасно кажуваме заврши времето на игра со чувствата на граѓаните, заврши времето на местење тендери. ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните и затоа доби поддршка од над 450 илјади граѓани.
Сега патот кон ЕУ ќе продолжи без диктати, велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.