СДС не престануваат со распродавање на историјата, Комисијата која е плод на договорот со Бугарија, договорила заедничко чествување на Гоце, велат од ВМРО-ДПМНЕ

-Ковачевски и антимакедонската СДС не престануваат со распродавање на историјата, Комисијата која е плод на договорот со Бугарија, договорила заедничко чествување на Гоце. Сѐ што Заев најави сега Ковачевски го реализира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Пендаровски по него го продадоа Делчев, а сега Ковачевски го официјализира.

Договорот, кој требаше да се поништи на референдум е плод на сите негации на Македонија.

Со договорот со Бугарија се негира историјата и нашиот идентитет, а тоа станува услов за влез на државата во ЕУ.

Со договорот, буквално мора да се прифатат бугарските гледишта на историјата, ако сака државата да влезе во ЕУ.

Првин власта почна со распродавање на светите браќа Кирил и Методиј, па Цар Самоил, па светите Климент и Наум, а сега на ред е и Гоце.

Ковачевски знаеше дека сето ова ќе беше поништено на референдум и затоа избега. Но не може да избега од казната од народот, која доаѓа на избори, стои во партиското соопштение.