СДС прави упад во Академијата за судии и јавни обвинители, вели Лефков, Советот на јавни обвинители и Судскиот совет да ги преиспитаат одлуките

СДС врши упад во Академијата за судии и јавни обвинители, покрај тоа што Советот на обвинители и Судскиот совет назначија свои членови во УО на истата, кои немаат право да ги назначат, за заменик член во Академијата ја назначија и Емел Кранли, братучетка на Ветон Кранли, началник на организирам криминал во време на Спасовски, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Емел Кранли, е назначена за заменик на Антоанета Димовски, која е сестра на Снежана Калевска Ванчева од СДС. Ветон Кранли беше десна рака на Оливер Спасовски во МВР. Очигледна е партиската поврзаност при назначувањето на неговата братучетка во УО на Академијата за судии и јавни обвинители, додаде Лефков.

-СДС со последни сили се обидува да ја партизира Академијата. Очигледно е дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители делуваат како испостава на СДС. Упадот во Академијата за судии и јавни обвинители е диригиран од СДС, потенцираше во изјавата, Миле Лефков.

-Најновите назначувања во УО на Академијата за судии и јавни обвинители се спротивни на закон и истите треба да се повлечат. Очекуваме Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, а ДКСК и ЈО да реагираат по овој упад диригиран од СДС, а извршен преку двата совети, изјави пратеникот Миле Лефков.