СДС продолжува по ист пат, Филипче, Петровска и Деспотовски кои им асистираа на Заев и Ковачевски сега сакаат да ги заменат. Во СДС нема свежина, нема нови идеи, ниту нов правец. Венко Филипче е министерот за здравство кој во ек на корона туркаше матни тендери и бркаше милионски провизии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Славјанка Петровска е министер за одбрана која народот ќе ја памети по криењето на луксузната хациенда.
Јован Деспотовски е директорот на ФИТР, каде се даваа грантови за се само не за иновации.
Кадрите на Заев и Ковачевски не можат да донесат ништо ново“ – посочуваат од партијата.