СДС се исплашени од Тошковски, знаат дека ќе одговараат за криминалите кои ги правеле. СДС 7 години ја ограбуваа државата. 7 години беа заштитени да прават што сакаат, а тоа сега повеќе не можат да го прават, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДС знаат дека министерот Тошковски работи по закон и дека ќе ги изнесе пред јавноста сите криминали кои ги правеле, затоа се исплашени и во паника. Одговорност ќе има, без разлика што и да прават од СДС правдата нема да можат да ја избегнат, велат од партијата.