СДС секогаш кога ќе им „згусти“ посегнуваат по фалсификати и измислени скандали

СДС очајно се обидува да ја дефокусира јавноста со фабрикации на лажни скандали и со фалсификување на документи. СДС се свесни дека колата им е тргната надолу и огромно мнозинство од граѓаните се незадоволни од нивната власт, од криминалот и корупцијата на функционерите, од сиромаштијата и инфлацијата, од тонењето на економијата и животниот стандард, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

И сега виновни им се сите. И ВМРО-ДПМНЕ и националниот сервис и агенциите за испитување на јавното мислење и медиумите и народот. Можеби на СДС му се штелувани и анкетите на ИРИ и НДИ кои покажуваат дека СДС и Пендаровски сериозно губат од ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова?! На слабиот партиски рејтинг на СДС, мислењето на народот му смета.

Впрочем јавноста памети дека СДС секогаш кога ќе им згусти посегаат по фалсификати и измислување на скандали. Од лажните бугарски летоци во деведесетите, па преку аферата Фабрика, па потоа со лагата за пасошите до оваа најновата денес манипулација за некакви документи кои кога ги креирале ги погрешиле имињата, погрешиле датуми и фалсификувале потписи.

Очигледно скапо платената црна кампања на Асаф Еисин им дала евтин фаличен фабрикат. За ваквите груби лаги од СДС, ќе следи тужба за клевета и тужба за фалсификување на документи, стои во соопштението на партијата.