СДСМ ја има најлошата гаринитура во историјата. Го имаат премиер Димитар Ковачевски кој е буквално анонимус кој никогаш не излегол на избори. Тој доаѓа од некој 7 или 12 ешалон и резултатите ги гледаме. Резултатот е дека Македонија имплодира, резултатот е дека ние сме во сите основи сме најлоши во Европа, во поглед на градење на патишта и автопатишта, најголема инфлација, најслаба економија во Европа, убедливо најмал раст на БДП на Балканот и во Европа, иселување најголемо во Европа итн. Нема област во која ние не сме најлоши во Европа, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју на емисијата Шеш-Беш на радио Лидер.
Ѓорчев посочи дека само до пред неколку години Македонија беше пример за другите земји од регионот, за сега да заостанува по „три копја# позади Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.
-Тоа покажува дека во Македонија никогаш не било полошо. Ова е асурдистанот во кој живееме и резултатот на сето ова е шо ништо не се гради во Македонија. Автопатот Кичево-Охрид со години се одложува, овие неколку километри што треба да се изградат од Скопје кон Блаце еден метар не е направен. Да не зборуваме за здравство. Во Македонија никогаш немало повеќе умрени луѓе. Таа нивна неспособност ја плаќаме со крв, пот и солзи. Скандал како на Онкологија нема на светот. И кој е виновен? Никој не е виновен, заклучи Ѓорчев.