Пратениците на СДСМ нема да учествуваат во расправата и нема да присуствуваат на седницата за интепрелациите на неколку министри и за претседателката на Комисијата за социјална политика, Илире Даути, рече координаторот на пратеничката група Оливер Спасовски.
Тој изјави дека пратениците на СДСМ не ги подржуваат интерпелациите, затоа што, како што рече се поднесени од сосема погрешни причини.
Во продолжение, останатите пратенци го усовија дневниот ред и ја почнаа расправата за интерпелацијата за Илире Даути поднесена од пратеничката група на Левица.