
Градоначалничката на Арачиново, Миликије Халими која е од редовите на СДСМ, вчера на гробиштата на паднатите борци и ветерани на УЧК кои се бореа во битката кај Арачиново во 2001-вс, положи цвеќе и им оддаде почит на загинатите.
Таа на Фејсбук страната на СДСМ Арачиново напиша:
-И на овој 24 јуни, се сеќаваме на денот на жртвувањето, целта и обединувањето. Ден кој во себе ја содржи возвишеноста заедничките национални и општествени идеи и дела.
На овој ден, традиционално во чест и почит кон оние што жртвуваа се, оддадовме почит на гробиштата на паднатите борци и ветераните од битката во Арачиново во 2001 година.
Со почит
Миликије Халими, градоначалничка на општина Арачиново.