
Неколку дена откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе Декларација за заштита на македонскиот великан Гоце Делчев од СДСМ стигнуваат најави дека такво нешто нема да поддржат.
Како што се изјасни денеска Јован Митревски СДСМ наместо поддршка бара ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече Декларација која ако се донесе ниту една партија нема да може да преговара за ликот и делото на Делчев и би била еден вид на државна позиција.
Опозицијата три дена чека потпис на декларацијата која до Собранието беше поднесена на денот на 150- годишнината од раѓањето на Делчев.