Интегрално соопштение од СДСМ:
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара оставка од министерката Сања Божиновска поради серијата скандали и лажните изјави во јавноста за нејзиното бугарско државјанство.
Божиновска го излажа народот, прикривајќи информации за своето бугарско државјанство.
Иако тврдеше дека се откажала од пасошот и бугарското државјанство јавноста од бугарските медиуми дозна дека не само што не се откажала туку дека и целото нејзино семејство има бугарско државјанство.
Криење факти и лажење на јавноста од страна на министер е спротивно на сите етички принципи во политиката. Граѓаните не може да веруваат во Божиновска и во она што го говори кога избра да не им ја каже вистината.
Божиновска не даде одговори ниту за информациите за долгот од 1 милион евра ниту за сомнителните бизнис зделки со „картелско здружување“.
Последните информации кои се уште СДСМ ги проверува се дека најавената инвестиција од кинсека компанија за ветерниот парк во Штип исто така е на сомнителен начин поврзана со нејзините претходни бизнис партнери.
Поради сите етички прекршоци СДСМ повикува на нејзина морална оставка и соодветна истрага од надлежните институции.