СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да го каже ставот за референдумот

СДСМ бара објаснување од ВМРО-ДПМНЕ зошто опозициската партија се уште нема јасен став за референдумот. Преку соопштение владејачката партијата порачува дека немањето позиција за ова историско прашање за земјата, покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не сака Македонија да чекори кон НАТО и ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ е единствен политички субјект кој нема јасен став за најважното прашање во најновата историја на Македонија. Му смета ли на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ напредокот на Македонија? Дали им пречи тоа што пред нас е шансата за влез во НАТО и ЕУ со македонскиот јазик заштитен и со загарантиран идентитет? Да не сакаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја вратат Македонија во темното минато, во времето на насилството, криминалот и тензиите?“

Од партијата на Мицкоски, пак, бараат, парите наменети за референдумска кампања да се инвестира во корист на граѓаните.