СДСМ: Да се избере брзо новата влада и да се утврди датум за локалните избори

СДСМ во денешното соопштение наведува дека е потребно сите институции и политички субјекти во државата да бидат на највисоко ниво на одговорноста за да се избере новата влада во најбрзо време и да се се создадат законски услови за одржување на локалните избори.

– Ѓорге Иванов треба веднаш да го даде мандатот за формирање влада. Постои Програма на реформската влада што ја гарантира унитарноста на Република Македонија, работа според Уставот и во интерес на евро-атлантските перспективи. Ќе има и реафирмирање на овие стратешки определби, со цел да се разбијат до крај оправдувањата поради коишто Иванов и ВМРО-ДПМНЕ ги блокираат демократските процеси, а тоа се одразува штетно врз граѓаните, стои во соопштението.

Според СДСМ, оваа практика на кочење на демократските процеси оди на диреткна штета на граѓаните, кои чувствуваат штети врз нивните семејни буџети, а од понеделник голем дел од граѓаните во општините ќе останат без плати и потребните општински услуги.

– На граѓаните итно им е потребно смирување на општествено-политичката ситуација, стабилизација на државата, економски напредок и евро-атлснтски развој. Од тие причини секое евентуално натамошно одолговлекување и блокирање на демократските процеси е противуставно казниво дело бидејки прави директена штета на државните и граѓанските интереси, истакнуваат од СДСМ.