![grb na makedonija sdsm](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/grb-na-makedonija-sdsm.jpg?resize=512%2C640&ssl=1)
СДСМ започна кампања за неменување на грбот на Македонија откако вчера премиерот Христијан Мицкоски изјави дека разговарале со ВРЕДИ и ЗНАМ за промена на нашиот грб.
„Државниот грб е континуитет на НОБ“! „Тој не смее да се менува“, стои на објавата на Фејсбук страницата на СДСМ.
Оваа објава има многу коментари, а некои од нив пренесуваме.
Миле Давчевски вели: „Тука е проблемот, оти губитниците од Втората светска војна им смета како и бистите на борците а не грбот“.
Мирољуб Здравковски со став: „Промената на грбот е увертира за промена на химната и измена на преамбулата на Уставот (да не стои 20%)“.
Тој бара да се распише референдум.
Дарко Стеван Грубор констатира: „Веќе е сменет, петокраката ја нема така да …“.
Дејан Куновски вели го сменивме знамето, го сменивме името, сега грбот „не го даваме“.
„Македонија пати од непостоење на државен консензус за најбитните работи од двете владејачки партии кои владеат од 1990 до денес“.
Гоце Петрески истакнува дека и името не треба да се менува.
Кирил Тодоровски се обраќа до министерот Панче Тошковски.
„Дали во Македонија постои соработник во Службата за државна безбедност со псевдоним „Штрк“, кој по „заслуга“, како кодош и крвник на македонски патриоти, по повод празникот на светите браќа Кирил и Методиј во 1982 година, ја претставуваше Југославија кај папата во Рим. Овој крвник, да ти бил, жална Македонијо, главен уредник на списанието „Синтези“, претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1979), секретар за меѓународна соработка на Друштвото на писателите на Македонија, а и негов долгогодишен претседател“? …
Даниел Митрески со сатирична забелешка дека името го сменивме, ама грбот не го даваме …
Ева Дарда е категорична: „Никакво менување“!
ÑикôЛä Кôллäц Лäбōњскѕ
„Вие името на државата го менувавте и се откажавте од малцинствата во соседството, сега пак грбот ќе го штителе … Грбот треба да се врати македонскиот …
Бале Босески забележува: „Го преболивме знамето, добивме амнестија 2001 година, премолчивме името, ќе замижиме и за грбот, јака работа, тукушто треба нови документи да вадиме“.