
СДСМ и ДУИ и НСДП гласаа против продолжувањето на рокот на важење на пасошите. Нa денешната седница, беше ставен на дневен ред предлог Законот кој го поднесе опозицијата, но, со мнозинство гласови на СДСМ и ДУИ пратениците на опозицијата беа надгласани. За гласа 46 пратеници, а против 54.
„Бранејќи ги грешките на Оливер Спасовски, пратениците на СДСМ, ДУИ и НСДП гласаа против законот за продолжување на важноста на пасошите издадени од МВР на Република Македонија, објави Антонијо Милошоски на фејсбук.
„Со ова, за жал, СДСМ, ДУИ и НСДП оставија на цедило 600.000 македонски државјани на кои им е нарушено правото на слободно движење, а на голем дел со ова им се загрозени нивните работни дозволи во странство, документите за постојан престој, како и лекувањето или образованието надвор од Македонија.