
Новата Влада предводена од СДСМ, ќе продолжи по патот на напредокот, демократијата и правдата со уште поуспешни политики и уште подобри резултати, се исканува во партиското соопштение во вторникот..
„Со поддршка на граѓаните и победата на изборите СДСМ продолжува да ја движи земјата напред, по вистинскиот пат кој го започна пред три години. Новата Влада која СДСМ ќе ја формира, ќе продолжи по патот на напредокот, демократијата, правдата, владеење на правото“, уверуваат социјалдемократите
СДСМ продолжува грижата за здравјето на граѓаните и борбата со глобалната пандемија, се додава.
„Со нови мерки и политики продолжува концептот парите назад кај граѓаните, раст на платите, раст на пензиите и грижа за сите, како и за најранливите категории на граѓани. Новата македонска економија креира работни места и создава шанса за секој“, уведуваат од СДМС.
Потсетуваат дека земјата по промената на уставото име според договорот со Грција стана членка на НАТО, како и дека „наскоро“ ќе започнело „отворање на поглавјата за членство во ЕУ“
„Новата влада предводена од СДСМ не само што продолжува со успешните политики, следниот мандат се обврзува да испорача уште повеќе и уште подобри политики и мерки насочени исклучиво во интерес на државата и граѓаните“, додаваат во соопштението.