Раководството на СДСМ попладнево донело одлука да поддржи втор претседателски мандат на Стево Пендаровски.
Партиски извори информираат дека попладнево на состанок на раководството на СДСМ е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата. Наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери, а на 3 март ќе биде и официјалната промотивна конвенција.
„Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визија за европска иднина на државата. Тој во досегашниот мандат го врати интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани“, велат од СДСМ.