СДСМ се очекува денеска да соопшти дел од своите кандидати за градоначалници, како што соопшти минатата недела премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите.
Претходно од партијата рекоа дека етапно ќе ги објавуваат своите кандидати за градоначалници. Досега беа објавени две групи кандидати за градоначалници со по 30 и 5 имиња, додека третата група ќе биде позната на крајот на наредниот месец.
СДСМ досега објави 35 кандидати за градоначалници:
Арачиново – Миликије Халими;
Бутел – Велимир Смилевски;
Богданци – Благојчо Шапов;
Валандово – Перо Костадинов;
Босилово – Зоран Зимбаков;
Вевчани – Сашо Јанкоски;
Виница – Ивица Димитров;
Градско – Роберт Бешовски;
Делчево – Горан Трајковски;
Демир Капија – Лазар Петров;
Дојран – Анго Ангов;
Зелениково – Борче Гиевски;
Карабинци – Јордан Насев;
Кисела Вода – Филип Темелковски;
Конче – Благој Илиев;
Крушево – Томе Христоски;
Маврово и Ростуше – Медат Куртовски;
Лозово – Ацо Велковски;
Новаци – Љубе Кузманоски;
Охрид – Константин Георгиевски;
Пехчево – Славчо Пауновски;
Пробиштип – Драган Анастасов;
Петровец – Елизабета Зеленикова;
Ресен – Живко Гошаревски;
Росоман – Стојан Николов;
Старо Нагоричане – Жаклина Јовановска;
Чашка – Горан Стојановски;
Штип – Сашко Николов;
Скопје – Петре Шилегов
Неготино – Тони Делков;
Гази Баба – Борче Георгиевски;
Могила – Јасмина Гулевска;
Берово – Звонко Пекевски;
Ранковце – Даниел Крстевски.
Пред десетина дена од ВМРО-ДПМНЕ објави листа со 26 кандидати за градоначалници, главно во единиците на локалната самоуправа во и околу градот Скопје.
Наташа Котлар (од ИНИ и од партијата Глас за Македонија) – Центар
Орце Георгиевски (организациски секретар на ВМРО-ДПМНЕ) – Кисела Вода
Бобан Стевковски (од МТСП) – Гази Баба
Стевче Трпков (актуелен градоначалник) – Сопиште
Љупчо Папазов – Кочани
Борче Митевски (актуелен градоначалник) – Петровец
Александар Георгиевски (од МТСП) – Илинден
Иван Јорданов (пратеник) – Штип
Марко Колев – Велес
Александар Ристов – Радовиш
Златко Ристов – Конче
Ристо Манчев – Босилово
Тони Узунов – Валандово
Маријан Пееев – Богданци
Филип Дончовски – Дојран
Андон Сарамандов – Гевгелија
Горан Стојанов (лекар) – Неготино
Андон Донев (педагог) – Демир Капија
Тихомир Николов – Росоман
Борче Јовчески (лекар-ортопед) – Прилеп
Александар Богдановски (претседавач на Совет на општина) – Кривогаштани
Драганчо Соботковски – Могила
Стевче Стевановски – Новаци
Спасе Кочовски – Вевчани
Јовица Илиевски (здравствен работник) – Брвеница
Димитар Костадиновски – Јагуновце
ВМРО-ДПМНЕ во петокот ги објави имињата на уште 19 кандидати за градоначалници, а најави и соработка на локалните избори со Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Неформалната кампања на веќе објавените кандидати е веќе во тек. Се прават посети на терен и средби со помали групи граѓани поради ковид-19. Исто така, се користат и социјалните мрежи и интернет.
Кандидатските листи за локалните избори треба да бидат поднесени до Општинските изборни комисии најдоцна до 11 септември на полноќ, а треба да бидат потврдени најдоцна до 18 септември од ОИК и огласени.
Утре треба да пристигнат првите 250 терминали за читање на отпечатоци од прсти што ќе се применуваат на локалните избори на 17 октомври. Првпат на локалните избори ќе се применува вчитување отпечатоци од прсти со терминали.
Изборите, што повторно ќе се одржат со протоколи за заштита од ширење на Ковид-19, се закажани за 17 октомври. Вториот круг од изборите треба да се одржи 30 октомври.