СДСМ е против дијаспората да гласа, не ја смета за дел од државата!

Дијаспората не е дел државата и не треба да гласа на избори. Ова е цврстиот став на СДСМ на денешната партиска работна средба во Клубот на пратници. Опозицијата не е попустлива во својот став и околу ова прашање не сакала никакви компромиси, дознава Нетпрес.

Гласањето на дијаспората е точката по која се водат жустри расправи, а според информации на Нетпрес, претставниците на опозициската СДСМ, се против дијаспората да гласа, бидејќи не ја сметала за дел од државата.

Работната група која денеска се очекува да постигне конечен договор околу прочистувањето на избирачкиот список, гласањето на дијаспората, финансирањето и медиумското преставување на партиите и Државната изборна комисија, најверојатно ќе расправа до доцните часови.

Медијатор во преговорите е Питер Ванхауте, кој денеска изјави дека на претставниците во преговорите ќе им достави предлози.

Претставници од ВМРО-ДПМНЕ во преговорите се Силвана Бонева, Никола Тодоров и Билјана Бришковска, од СДСМ Дамјан Манчевски, Цветанка Иванова и Оливер Спасовски. ДУИ ја претставува Артан Груби, а ДПА Имер Алиу, но се очекува на работната средба да и се приклучат и лидерите на четирите партии вклучени во преговорите.