Имено, СДСМ додека беше во опозиција беше голем противник на покачувањето на акцизата. Тие бараа од тогашната влада да се преполови акцизата со што бензините ќе беа поефтини за 10 до 12 денари.
Тие во своите изјави кажуваа дека поскапувањата на енергенсите стануваат неподносливи за просечниот македонски граѓанин.
„Поскапувањата продолжуваат, а цените на енергенсите веќе стануваат неподносливи за просечниот македонски граѓанин, кој со страв го чека секој понеделник и седниците на Регулаторната комисија за енергетика, рече Марјанчо Николов од СДСМ на денешната партиска прес-конференција, укажувајќи на најновото поскапување на бензините за 2,5, а на дизел горивата за 1,5 денари. “ изјавуваа од СДСМ
И додека ваквите изјави беа оправдани кога СДСМ беше опозизија сега кога СДСМ се на власт македонските граѓани се соочени со огромни и постојани покачувања на нафтата и бензините.
Граѓаните велат дека се разочарани и дека ништо што владата на СДСМ ветуваше пред да дојде на власт не исполни туку дека и напротв нештата се значително полоши од порано кога нафтата и бензините имаа крајно помали цени.
Колку за информација цените на дизелот од јуни минатата година до денес се покачија за над 40%. Од 46 денари за литар дизел во 2017 година, граѓаните сега плаќаат 65 денари.
Од опозициската ВМРО ДМПНЕ обвинуваат дека СДСМ удри по најсиромашните. Секое домаќинство во просек плаќа 12.000 денари повеќе за дизел од лани.
Инаку,бројките покажуваат дека со една просечна плата во јуни 2017 година се купувале 487 литри дизел, а сега да можат да се купат само 364 литри, односно 123 литри помалку.